Saturday, August 22, 2015

МАТРИКС 4


Scene 5:
This is your last chance. After this there is no turning back. You take the blue pill: the story ends; you wake up in your bed and believe whatever you want to believe. You take the red pill: you stay in wonderland, and I show you how deep the rabbit hole goes. Remember, all I'm offering is the truth, nothing more.
И додека таа можеби му се лутеше, а Морфеус  незнаеше поради која причина па си мислеше дека едноставно нема кредит да врати порака или дека го заборавила телефонот, тој го отвори прозорот за да го слуша звукот на реката која минуваше на неколку километри од неговиот дом.... И и праќаше пораки а неговиот телефон упорно молчеше. Како да водеа некоја војна, тој и телефонот. Го стави на аголот од една дрвена маса, ја исчисти масата за  да само телефонот стои на неа.. И додека седеше спроти телефонот илјадапати самиот се фаќаше како фрла поглед на малиот црн и денес како за инает проклето тивок предмет. А тоа не беше некој скап телефон, напротив беше најевтин кога го купуваше. И понекогаш му беше толку мил, особено во деновиве кога креваше повеќе бука и му носеше повеќе пораки. Денес не носеше пораки, освен една од операторот кој љубезно го потсети дека сметката на неговиот телефон и не е така за почит па би требало да и посвети повеќе внимание. Денес телефонот на Морфеус беше тивок, а тој можеби потсвесно и да го мразешше тоа мало црно чудовиште само несакаше да си признае затоа што не беше сигурен дека еве можеби утре нема повторно да му требаат неговите услуги. И Морфеус навистина го мразеше телефонот затоа што му одземаше дел од слободата, дел од мислите, дури и емоциите ги буташе внатре во тоа чудно орудие за да ги прати некаде далеку, а потоа молк....А потоа Морфеус стануваше љубезен и се правеше дека не му се лути на телефонот само за да го искористи повторно. И додека седеше спроти телефонот, Морфеус почна да размислува како тоа црно суштество го направило таков лицемер и подлизурко и како еве така навидум кротко и неприметно за неполна година навистина го променило неговиот карактер. И да, Морфеус беше вистински лицемер кон телефонот. Му ласкаше и му зборуваше иако телефонот си ќутеше гордо и достоинствено. Па за да го одоброволи да прозбори Морфеус седна покрај масата, си стави чаша вино, а во едно мало капаче му стави малку и на црното суштество. И му зборуваше од околу, прво за фудбалот што беше на телевизија, после за чудното време во оваа зима која повеќе личеше на пролет, па за мачките кои шетаа околу контењерот....А телефонот молчеше, а Морфеус зборуваше. И токму кога Морфеус одлучно беше решен да го уништи и да го фрли телефонот а самиот да го напушти градот и да замине на планина, телефонот речиси панично вознемирен од таквата решителност премина преку својата гордост и ете повторно крена некоја полупридушена бука, одново прозборе, донесе некоја порака. Морфеус кој веќе беше на прагот од вратата го слушна звукот и се двоумеше неколку секунди дали сега тој да глуми гордост и да се прави дека не слушнал ништо, меѓутоа се откажа од таквата намисла и се врати кон масата, го зеде телефонот во раце, му стави уште едно капаче вино и до ден денешен сеуште можете да ги видите Морфеус и телефонот како седат во собата еден спроти друг, Морфеус на стариот стол наспроти дрвената маса, а телефонот на масата. Морфеус сеуште потпивнува од чашата со вино и повремено му дотура во капачето и на својот пријател. А кога Морфеус понекогаш излегува на балконот и гледа во прозорите на околните згради се запрепастува кога гледа дека сите негови комшии, дека дури и оние од подалечните згради, сите тие седат по аглите во своите соби и скришно и лицемерно погледнуваат кон малите предмети кои стојат на масите.....

No comments:

Post a Comment