Saturday, August 22, 2015

ЧУДАКОТ...


Будејќи се од краткотрајното и немирно спиење Алексеј Александрович стана од стариот кауч истегнувајќи се во својот стан-покрај мостот на Московскиот плоштад. Излезе на балкон и го здогледа мачорот на комшивката Татјана Петровна па со брз потег се обиде да го плукне еднаш, па уште еднаш...Мачорот изненаден скокна од третиот кат и умре. Алексеј влезе внатре си направи кафе па виде дека нема шеќер. Плукна уште еднаш на подот од кујната, и така по пиџами излезе на плоштадот, го помина мостот, сврте лево покрај Царскиот булевар и купи шеќер од првиот дуќан. Погледна на рафтот и купи уште една пилешка салама, паштета и пола леб. Му ги завиткаа во хартија и тој замина да си го допие кафето. Стави две лажички шеќер и се напи. Кафето се изладило. Плукна во филџанот и го остави. Ете толку...
(по инспирација од чудакот Данил Хармс)

No comments:

Post a Comment