Saturday, August 22, 2015

ЧОВЕК НА МЕСЕЧИНАТА


Денот ми беше многу долг. Конечно, сонцето зајде. Вечер е. Јас ја чекам ноќта а моите очи се измачуваат над непривлечна испитна книга, го кревам погледот, гледам наоколу, а таму само неколку нови комарци влезени од подотворениот прозор итаат кон светлоста на неонската ламба, еден чудовишен инсект налик на нешто помеѓу одвратна пеперуга и молец упорно удира со глава в цид...останатото е непроменето, 3-4 книги расфрлани по собава, две од нив веќе прочитав токму денес, филџан со остатоци од вчерашно кафе – ме мрзеше да го измијам па го наполнив вода и пиев од него, мешавина на кафе од вчера и вода од денес...го отворам прозорот и гледам нагоре...го гледам 4тиот кат од зградава, а потоа сакам да видам уште подалеку,и го гледам манијакот по незнам кој пат мастурбира гледајќи кон прозорот на некоја девојка од соседните згради, потоа гледам угоре а таму месечини, а на една од нив има еден старец во искинати алишта и белобрад, седи на работ, пуши луле и не се грижи за ништо. Само понекогаш не плукнува нас долу.Можеби е во право.... 

No comments:

Post a Comment