Saturday, August 22, 2015

ПО ДОЖДОТ


Една соба, една вилушка, клуч, свеќа, полупразно вино-црвено. Празнината на собата и тој. Ги бара пиџамите и ги облекува. Ја уклучува струјата (-таа светнува). Го бара креветот и го наоѓа, посакува да спие, неможе. Посакува да дише неможе- ниту тоа, настинат е и едвај вдишува. Сеќава траги од парфем, незнае чиј е, незнае дали е машки или женски. Вдишува длабоко, воздивнува. Некаде длабоко го чувствува отсуството на една девојка......Гледа во темнината наоколу, темнината во собата, темнината во паркот кон каде гледа прозорот. Оди до прозорот, се наведнува над него, издишува а потоа вдишува, ги гледа зимзелените дрвја, ја гледа маглата која ги обвиткува, ја гледа маглата која ги заштитува и им дава чувство на сигурност, го слуша пригушениот звук на готска музика. Се е исто во собата, недостасува само еден пентаграм кој некогаш го потсетуваше на некои невидливи божества од небесите.....го подари некому, со цел да ги подари небесите, со цел да ги замоли божествата да го чуваат битието кое отсега ќе го носи....Погледнува кон креветот и некако сака да го отфрли од собата ноќва, a на него, коса, многу коса, ги собира влакната и ги разделува, едните се црвени другите црни, а внатре во себе размислува  “ Mора да заспијам некогаш, можеби не сега, ниту ноќва, можеби утре, задутре, којзнае? Една ноќ засекогаш ќе заспијам, а тишината и мракот молчеливо ќе ме прифатат во нивните прегратки”…

No comments:

Post a Comment