"Од својата шеста година имав манија да ги цртам облиците на нештата. До педесетите направив безброј цртежи, но ништо од тоа што работев до седумдесетите не заслужува да се спомене. Дури сега, кога имам седумдесет и три, знам нешто малку за правите облици на природата, животните, билките, дрвјата, рибите и бубачките. Според тоа, до осумдесетата уште ќе напредувам, во деведесетите ќе навлезам во многу тајни, во стотата сигурно ќе бидам способен за вистински чуда, а во сто и десетата, што и да нацртам, макар да тоа било само точка или цртичка, ќе биде живо. Ги молам оние кои ќе поживеат колку и јас да видат дали ќе го одржам зборот. Го напишав ова во својата седумдесет и трета година, јас старец луд за цртање"-Карл Сандберг
Војна Кога едно девојче за прв пат виде воена парада, запраша-Кој се овие? Војници. А што се тоа војници? Они служат за војна. Се борат и секој од нив се труди да убие што повеќе од оние на другата страна. Девојчето замолче, и почна да размислува. Знаеш што? Што? Ајде, кажи слободно... Еден ден ќе направат војна ама никој нема да дојде.... Камелеон Се сеќавате на оној камелеон? Беше тоа камелеон кој се однесуваше сосема добро-ништо никогаш не можеше да му се замери. Како камелеон, правеше се што требаше да прави и не правеше нешта што не требаше да ги прави. Беше внимателен, беспрекорен камелеон, и никој немаше ништо против него. Но еднаш наиде на некоја карирана шкотска ткаенина, и се обиде да ја премине. За да ја помине, мораше да имитира шест различни бои, прво една па друга па повторно првата или другата по ред. Беше храбар камелеон, и го даде својот живот, на раскрсницата, за своите камелеонски принципи, на кои до крај им остана верен. Дете Имаа девеесет години кога од седумнаесетте свои деца го погребаа првото што умре во својата седумдесет и втора година. Ти реков јас, рече стариот додека жена му, селанка, седеше на басамакот пред нивната куќарка, пред самиот залез на сонцето. Оддамна ти реков дека никогаш нема да го одгледаме тоа дете.... -КАРЛ САНДБЕРГ |
Saturday, August 22, 2015
КАРЛ САНДБЕРГ
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment