Сабота, 23. Август 1980
И додека времето одминуваше, во такт, безобзирно кон луѓето, без ниту малку осет дали тие имаа време да му дозволат да одмине така незапирливо, и додека часовникот правеше концентрични кругови, тој размислуваше. Беше уморен и тажен, беше безволен и лежеше по креветите со раката нурната во косата. Со отсутен поглед живееше во болката што ја причинуваше отсуството на личноста која беше единствената светлина во неговите мисли.Гледаше тапо во сликите на ѕидот и си помисли, како некогаш се занимаваше со фотографија, тоа му делуваше толку далечно, како дел од нечиј туѓ живот...Овие мисли беа само миговни, надвор од нив остануваа мислите кои го гонеа назад, го враќаа во ноќите претходно, на клупата во паркот, на мирисот на нејзината кожа, цел тој ден мислеше само на едно нешто, само на неа.... И иако со сите напори се обидуваше да се созеде, да се оддаде на некоја друга работа, увиде дека тој ден се би било залудно. И тој ден навистина се беше залудно, отиде во неповрат. Нејзиното име оддекнуваше во секој мисловен траг, во секој звук без разлика од каде и од кого доаѓаше....Дури му се чинеше дека и птиците надвор постојано го извикуваа нејзиното име, дека и шумот на водата која врие на шпоретот шумоли само еден и исти звук........чекореше во сивилото на денот, и погледот му беше студен како и на останатите ѕверови кои чекореа околу него, и самиот се сплотуваше со таквото сивило, беше сосема ист како нив, не се истакнуваше од толпата...... но внатре, зад превезот на окото, чувствуваше ужасно силен бол, како нешто да гореше длабоко во него... |
Saturday, August 22, 2015
НА Л...(ОД ДНЕВНИКОТ НА НЕПОЗНАТ ЧОВЕК)
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment