Saturday, August 22, 2015

ШАХ МАТ...


Во полумракот на тишината, исправено стојам пред пространството на шаховската табла...ЦРНО па БЕЛО, црно, бело, црно, бело, црно, бело....Беспрекорна рамнина до недоглед, а зад хоризонтот неможам да погледнам но некако осеќам и таму црно и бело и црно и бело повторно до недоглед......повторно полиња подредени хармонично, безгрешно, совршено...Кој ли само ги подредил?
Кога со поглед гледам –гледам само празнина, а полињата подредени, кога за светлоста очите ги затварам нова светлина внатре во мене пламнува, тивко ко кандилце.....не гледам, сега осеќам, сега разбирам, и пак црно и бело, но празнина никаде, напротив исполнетост со живот, здив, воздишка смирена,  некој вдишува и издишува, вдишува и издишува и црно и бело, невидлив е.........а по него во чекор го следат или се обидуваат да фатат чекор, интерферираат повремено со совршениот ритам небесен  безбројни суштества и животни и луѓе и дрвја, јасени, брези, борови и буки, тополи и чемпреси вдишуваат и издишуваат и ете ги подредени по таблата од црно бели полиња, малечки се и разнобојни се до последниот здив, а потоа се разлеваат во боја, црна или бела, но тоа е отаде сегашноста....
Секое црно еден свет, секое бело друг –соседен свет, наредното црно јупитер е, белото до него веќе Андромеда, по неа пак црно, други галаксии, други ширини и пространства......
Шаховска табла-бескрај, полиња црни и бели- небесен прав, ѕвездена трага, невидлив градител....ЈАС, само мала бела точка во белото поле, ТИ црна точка во црното поле, ТАА бела точка во нашето бело поле, ТОЈ црна точка во вашето црно поле.....Небесниот шахист е само БОЈА. Невидлива бела во неговото единствено црно поле и невидлива црна боја во неговото единствено бело поле.... невидлива црно-бела прегратка не опколува  сите нас, ја вдишуваме и издишуваме стремејќи се во бавна смрт, во копнеж да избледнее нашата видлива црна или бела боја, а ние да се слееме во неговата сеприсутна црно-бела невидлива прегратка.
ШАХ МАТ- ете толку

No comments:

Post a Comment