Вторник. Ден неделен....Навидум обичен. Повторно се будам некаде после пладне, пијам кафе од навика...зар не е тоа старечка навика си помислувам? Уште неколку саати поминати над досадна испитна литература....Средба со пријатни луѓе, кафе на кеј....се враќам во мојата пештера некаде пред полноќ........Уморен сум и ми се приспива, но несакав така лесно да го напуштам и овој ден, сакав борба, замор, сакав да се истоштам некаде надвор, да го извадам секој квант животна енергија од моето тело и онака бестелесн да се вратам некаде, каде било си велам? На екваторот? Куба, Гренланд- на некое ново и интересно место, место исполнето со светлина, место каде сонцето на заоѓа, а каде сепак никого не познавам. Тргнувам кон кеј...веќе е еден после полноќ..Крстот на Водно е згаснат, но затоа ја уклучиле полната месечина, поради забава можеби, или како добра волја кон другите религии, зар можно е си велам?....Темно е, нема никого...се борам со мракот, тешко е да се бориш со темнината сфаќам најпосле....невидливи сме и обајцата под закрилата над нејзината анти-илумисценција која проголтува се што на мракот се спротивставува, ме проголта и мене и целата светлина навлезе во нејзината непродорна утроба....брзав, итав некаде, кон уште подлабоки мракови, кон уште потемни простори, ги пронајдов ли? Не, драги мои, ме повика реката која покрај кејот ја изградиле...незнам кој поточно, можеби повторно некој проект на општина Карпош си размислувам....се прашував дали е според урбанистичките планови или повторно дивоградба....Дивоградба сум младичу, дивоградба, дивоградбааа...тивко шепотеше таа привлекувајќи ме кон нејзините илјданици шумови....Јас сум дивоградба како и ти човеку....Дивоградба среде царството на Темнината, дивоградба како канделабар сред пустина......и стареам ми вели, а светилката моја оддамна згасна, се борев против властите на царството што владее околу нас, против децата на мракот, се борев и изгубив, ја изгубив светлината, но ми остана зборот со кој раскажувам за светлината, ми остана шумот- кој невидливо го разнесувам во мракот по целото оваа темно пространство, и го шепотам тивко и постојано, го шепотам непрекинато на сите глуви луѓе кои овде попатно минуваат....
|
Saturday, August 22, 2015
ШЕПОТОТ НА ДИВОГРАДБАТА...
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment