Минуваа години, векови.... светот наоколу се менуваше, детето остана заробено во платната на Доријан Греј, а потоа Шаманот го упати до Cathenna Mundi, патуваше долго и пристигна задишан и без здив во градите.....се наоѓаше во центарот на еден пагански прастар и напола разрушен амфитеатар...... на место каде што сеуште се слушаа предсмртни крици од усмртени гладијаотри, убиени робови, место каде сеуште се појавуваа сенките од сите души кои таму заробени останале.....Застрашувачки звуци од сите некогашни спектатори, кралеви и витези, од сите сегашни посетители и идни туристи се вплеткуваа како во раскошен а смртоносен морски вртлог кој привлекува и убива се што наоколу лута.....Стоеше така вкочането во центарот на светот престрашено од напливот на привиденија, од заглушувачката врева, се додека не беше повлечен од сенка на мртов гладијатор кој држејќи го за врвот од дланката започна да го врти околу себе со витешка моќ....исцртуваа кружници по запрашениот под, а потоа слушнаа силен крик кој му наредуваше да гледа во публиката испоседната по скалилата наоколу....... публика која не беше таму токму во тој миг, туку која некогаш седела на истите тие места а сега се појавуваше во вид на замаглени бледи издолжени ликови –плејада од мажи и жени, деца и старци, истоштени и гладни скитници кои втренчено и со омраза гледаа кон невиното суштество .....ликовите се менуваа, се преобразуваа од еден во друг, се смееја заразно и саркастично, довикуваа, презираа со погледот.....за да миг подоцна исчезнат оставајќи го сеуште зад себе ужасниот кикот, се појавија други визии, слики од градови, села, држави кои детето ги знаеше од порано, па потоа слики од места кој никогаш ги немаше видено а само мечтаеше за нив.....се појавија неговите предци, а потоа се здогледа самиот, па неговото потомство и се така во недоглед за да го слушне гневниот говор на гладијаторот кој едноставно му викаше –не биди будала човеку, зар не ја виде сета измама во само еден миг, зар не сфати дека твојот свет и не постои...зар не е кристално јасно дека ти никогаш и не си постоел а нема да оставиш трага ниту во овој свет....како што и шаманите се обидуваат нивните волшебства да останат невидени, незабележани, па разбудени од ужасен кошмар доцна во ноќта ги спалуваат книгите под светлоста на месечината криејќи се од окото на Севишниот!!! Така сите заедно ја сфатија заблудата и исчезнаа во некоја друга реалност...
|
Saturday, August 22, 2015
РАЗГОВОР БЕЗ СМИСЛА...
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment