Saturday, August 22, 2015

ЦРНИЛА


Седеа на последната масичка во едно од кафеата над Сена. Лудевик молчешкум си пиеше  кафе- црно, без шеќер, додека Франсоа јадеше кроасан зборувајќи и непрекинувајќи со џвакањето на стопеното чоколадо кое му се лепеше на забите,  потоа со јазикот ги правеше оние вообичаени потези што човек ги прави кога сака да го отстрани тоа што се има залепено на непцата и внатрешната страна од забите, испуштајќи го тој иритирачки звук што секогаш му оди на нерви на оној што не јаде, или на оној што случајно се затекнал во близина. Овојпат тоа беше Лудевиг. Двајцата беа пријатели уште од деца. Се познаваа оддамна, но подолго се немаа виденовсушност точно 9 и пол години. Едниот остана во Париз а другиот талкаше по Европа поминувајќи година во Глазгов, две во некое мало селце на Сардинија, три и пол во Стокхолм, и последните три години во една мала гарсоњера во стара, напуштена зграда во Варшава, во која ноќното протрчување на лебарки или глувци беше обично секојдневие.......Ништо се нема променето другар, ете колку рече десет години? Десет години се немаме видено и ништо...Не реков ништо, си пијам кафе и си ќутам, а ако ме прашуваш мене - д е в е т И п о л години а не десет...Ете девет и пол проклети години и ништо ...Јасете гледаш сум уште убав, уште привлечен за девојките и уште сум во брак- значи џабе ми е шо сум убав и привлечен! Ништо од тоа....И пред десет години се сеќавам кога те фати лудилото,..... еве вака баш на истово место седевме, а може и на истата оваа маса и ти пак пиеше капучино или....Не,пак пиев црно кафе, б е з    ш е ќ е р,  и не беше пред десет години туку пред девет и пол! И не беше ниту на истата маса туку на онаа на другиот крај кај што седи старецот што чита весник, гледаш?  Гледам. И те молам не чешај се по твојата проклета голема глава Франсоа, и пред девет и пол години исто така се чешаше......... само на друга маса.....Да..да, навика, навика брат.....да се чешам....навика е тоа.... Туку да ти кажам Лудевиг, а ТИ и по тие твои ебени ДЕВЕТ И ПОЛ ГОДИНИ си останал истиот тој И Д И О Т каков што беше,  НЕ, неееее .....не истиот, туку и ПОГОЛЕМ ИДИОТ ОД ОНОЈ шо додека сум се чешал седел ете на онаа онамму маса на која седи старецот, гледаш? Гледаш ли бе? Ете на онааа таму маса....... Хах...сум се чешал ја по главата, од навика сум се чешал и тоа пред ДЕВЕТ И ПОЛ ГОДИНИ......Глупак....Види Франсоа, не ти реков ја дека се чешаш од навика,туку само дека се чешаш,а другото ти сам си го кажа и не е исто разбираш? Како? Не е исто а? Не е...Добро бре брат извини, ја си кажав тоа дека од навика се чешам....Туку дај остај тоа, дај остави ја мојата голема глава која ме чеша....Кажи ми, како си? Ти помина болеста? Подобар си? Кажи што бидна, кај беше сето тоа време? Што има ново? Работиш нешто или не? Од што живееш бре Лудевик? Дилер да не си? Никаков си, погледни се....на човек не личиш....Да....Токму тоа..Дилер? Озбилно? Да, озбилно.... Не ми се верува, те знам, не си ти таков бре дај не зафркавај..Што дилаш? Бела техника?Да...Поточно црно-бела техника, ама не ми оди, и немам некое реноме...Каква ти е таа црно=бела техника?Франсоа, таа црно бела техника не е воопшто некоја техника. И јас не сум никаков дилер....Јас ништо не сум, разбираш? Не сум човек....не ти е јасно тоа?  Пропаднат сум, ме гледаш? Не зјапај во мене ко да си видел гола жена, пропаднат сум од внатре, духовно,....празен сум ко исушен бунар....Фрлаш камен и.....тааап...тааап.....празно е ....нема ниту ехо....Сфакаш? ........................Сфаќам....А црно белата техника- не е тоа никаква техника...тоа сум јас....црн ко ѓавол, и одвнатре и однадвор...секоја моја мисла е проклето црна, црна ко врана потопена во нафта.....Црна ко смрт....црна.....депресивен сум..............- девет и пол години....секој ебен ден....секое проклето утро...секоја проклета моја воздишка....се е црно....понекогаш имам и бели мисли, тоа е кога мислам на неа, ама ниту тие мисли не се наполно бели, поточно црни се, цели се обвиткани во црно, има понекаде малку светлина и малку утеха во нив, во самото сеќавање на неа, во самото сеќавање дека некогаш бевме заедно, ете тоа се тие мали бели флеки во црнилото.....ете тоа ти е мојата црно-бела техника....или, да бидам искрен, мојата ЦРНА техника...секако, доколу вие бедни луѓе црното воопшто го сметате за боја....Секој ден живеам во плашт од црнило, стуткан во прегратка од студено, обвиткан со бесконечна апатија, секој ден.................Веќе ништо нема смисла, знаеш? Ништо неможе да ме заинтригира, привлече, неможам да функционирам....неможам, неспособен сум......... ко бебе во инкубатор.....Понекогаш пијам вино, многу вино, и ништо, уште повеќе тонам во уште подлабоки абиси.........Пијам понекогаш, онака, без волја, неможам да станам ниту алкохоличар разбираш? Неможам, знам дека ниту тоа нема да ме смири, да ме утеши....нема да можам ниту на тој начин да ја заборавам....Ништо неможам. Неспособен сум за ништо, за мене понекогаш е вистински напор да се принудам да ја помрднам раката, вистинска борба е да се помрднам од место, немам волја, незнам зошто тоа би го направил, разбираш? Ништо не би се променило.....Седам со денови и зјапам во празно....Ќе пронајдам некоја флека или одронета фасада на ѕидот и со денови гледам во неа, онака магловито....Празен сум... Но ме фаќа понекогаш малку волја за живот и некоја необјаснива желба да се борам со некого непознат, со животот, со смртта....и тогаш ништо особено не правам. Се пакувам во еден куфер и бегам, бегам во друга земја.....Барам некое мало селце, од бога заборавено, со десетина жители.....и останувам таму....или понекогаш кога лудилото е поголемо се осмелувам да се појавам на пероните од некој голем град, но дури и тогаш наоѓам некој сосема мал кварт, руиниран, кварт во кој улиците оддамна ги изгубиле имињата, а и жителите, и јас го населувам...........................................Таа празнина за која ти зборувам, знаеш, голема е.....многу голема, па со неа ја пополнувам празнината на таквите квартови, ги обојувам во црно, во тага.....Се е празно....Сите домови, сите улици, нема луѓе, нема бучава, нема ништо, разбираш? Преку ден некако издржувам но ноќе............ноќе неможам да ја избркам од мислите...ми се појавува ко привидение, ја гледам насекаде.....во искршеното стакло од прозорите, помеѓу пајажината по аглите во собата....И излегувам во мојот кварт, разбираш? МОЈОТ КВАРТ!!!.... Чекорам и се сплотувам со празнотијата.....го избегнувам ехото од моите чекори......Седам на тротоарите и гледам во НИШТО..... Проклето се убави тие мои квартови....Но, по некое време почнувам да ги губам квартовите, ќе ме здогледа некој скитник и сЕ ќе упропасти....се шират митови низ улиците, дека ѓаволот лично се населил во тој кварт, и квартот започнува да живее...........Чудно е колку луѓето ги привлекува ѓаволот, празнотијата, мракот, меланхолијата, НИШТОТО ......Чудно е....ко да го бараат изгубеното царство.....го бараат пеколот..........Доаѓаат скитници, наркомани, алкохоличари,...доаѓаат безобразни и дрски тинејџери и лутаат низ квартот барајќи ме....се отвараат ноќни клубови,секс шопови, црвени улици..... се отвараат клубови за сеанси и гледање во иднината, продавници и книжари за црна маѓија...А јас се кријам, се кријам во тоа што некогаш било мојот кварт, и гледам како го губам ден по ден, како мојот животен простор се намалува, како се повеќе будали и идиоти се населуваат...И јас морам да бегам..........Бегам од сите, бегам од луѓе.....Но Франсоа, знам дека мислиш дека сум луд и дека страдам од шизофренија.....Можеби си во право....којзнае?Но јас сепак, не мислам така....Пред три години седев така на една карпа, надвиснат над провалијата, гледав во празнината под мене и сфатив......Или барем дојдов на идеја-Дека сите тие години откако таа замина, дека некако необјасниво сепак не заминала....сепак останала со мене, сепак ме следи некако, незнам како....Верувај ми....Ја немам видено толку долго, незнам ништо за неа...Ниту кај живее, ниту со кој е.....Ја немам видено, а осеќам дека таа мене ме гледа секој ден....Осеќам дека со некоја магична моќ сите тие мои квартови во кои јас бегам таа веднаш ги открива и ги полни со секакви идиоти..А знаеш ли зошто Франсоа?  Затоа што знае дека на тој начин ќе ме принуди да бегам повторно, знае дека несакам луѓе, и едноставно  носи луѓе, и луѓе од секаде доаѓаат во квартови кои биле напуштени со години....Доаѓаат секакви ебени азиланти, источно европејци, полјаци и кинези.....Доаѓаат................а јас си одам, јас бегам повторно......А знаеш ли зошто ми го прави тоа? Јас мислам дека и тоа го дознав....Мислам, иако, искрено незнам дали е тоа сепак мисла, некако ко да е повеќе некое предчувство, како некој внатрешен глас да ме тера понатаму во мојата депресија, во мојата празнина....ме гони на други напуштени места....А некако тој внатрешен глас ми вели дека -ме гони таа....Некако еве дури и сега осеќам, и сакам да верувам дека ме гони, бидејќи таа Франсоа, верувај ми, ти има испланирано сЕ.....осеќам дека еден ден ние повторно ќе се сретнеме некаде, во некој кварт кој ќе биде Наш кварт и кој исто така ќе биде напуштен и празен.......затоа и ме гони од една до друга земја, од еден во друг град, се додека не дојдам во нејзиниот кварт....се додека не ја пронајдам.......квартот ќе биде празен зашто кога сме ние заедно потребно ни е огромен простор, простор испразнет од сЕ, а пред се од луѓе......... едноставно простор од црнило и празнина........зашто верувај ми, ние тој простор ќе го исполниме заедно во истиот тој миг кога ќе се сретнеме повторно...........А сега Франсоа, јас морам да заминам...Осеќам некој немир...................Морам да одам некаде......Сепак, чекај ме овде Франсоа, во Париз......Ти ветувам, ќе се видиме по девет и пол години....Ќе пиеме кафе повторно, верувај ми.....На истово оваа место............Веднаш над Сена....Само некако знам..........нема да дојдам сам....... Осеќам ко некој да ме вика таму некаде, далеку,...Незнам кај е тоа место.....но едноставно мора да одам и да го пронајдам што побргу................

No comments:

Post a Comment