Saturday, August 22, 2015

СКИТНИКОТ


Скопје, Њу Јорк, Струмица, Струга, Охрид, Софија, Солун,  Даблин, Скопје, Скопје, Скопје..... .....скитникот повторно привремено се враќа во своето свртилиште....осамен е како и секогаш......не може да ја поднесе бедата на постоењето без себеподарување на останатиот свет па планира уште некое ново бегство....ново бегство од осамата, од себе....ново патување кадешто ќе пронадје нови луѓе...луѓе на кои барем за кратко ќе им подари љубов.... Скитникот е друштвен и многу див истовремено, има пријатели...излегува во град....слуша музика, понекогаш глуми студент....скитникот има и девојки, но повремено.....скитникот бара мир и беда.....овој свет некако е презаситен, пребогат....нема ниту мир ниту беда, несакајќи да му се предаде на овој свет тој живее во свој....илузорен и непостоечки, но поубав.....Скитникот е номад....патува и идејата за ново патување постојано е присутна во него......патува за да се заборави себе си.....патува за да ја намали болката, патува за да не пронајде никого....патува за да животот постојано добива нови облици и динамика....патува за да домот над неговата глава постојано се деформира и реобликува од куќа во мал стан, хостел или хотел, шатор или пештера.....Скитникот има нешто налик на мир во себе...скитникот е религиозен фанатик, тој е пантеист и страстен поклоник на култот на патувањето, на течењето на реките, на посотојаната променливост .....Тој има страв од подолго опстојување на едно место, порадо би стоел одошто би седел во удобна фотелја.....скитникот се чувствува дома кога седи покрај прозор од автобус, трамвај, авион....тој е дома кога се вози на велосипед или кога влегува во такси.....Скитникот не е илузија реалност е.....тој сака да исцртува кругови во песокта или калта на различни поднебја....но тој самиот не е круг тој тежнее по круговите, тој е само една обична искривена линија чијшто крај постојано се издолжува до недоглед зад виножитото на далечниот хоризонт барајќи го останатиот крај.......
****Крај****

No comments:

Post a Comment