Беше пладне. Во позадина се слушаше отчукувањето на камбанаријата на црквата која беше во близина. Време е…. си помисли и се насмевна половоично кисело, половично со огромна тромост во душата, со некоја недефинирана состојба на долго исчекување кое доаѓа до очекуваниот крај кој иако тежок, несакан, ти дава мир бидејќи знаеш дека ќе стави крај на сите животни товари.
Стана од столицата на која седеше повторно чувствувајќи го истиот тој бол во грбот и ‘рбетот кој десетина години му беше секојдневие. Бол кој ти станува дел од животот, бол кој е твој соживот…..твој живот.
Време е си помисли повторно…. Се исправи држејќи се за половините и игнорирајќи ја болката. Ја потргна завесата и фрли поглед на овој град….упати еден жив, еден енрегичен и жеден поглед кон зградите кои се оцртуваа во далечина, кон камбанаријата на црквата, кон балконите од соседните куќи….Упати последен поглед кон местата кон кои речиси секој ден од својот живот имаше прилика да погледнува, да ги гледа од прозорот на својот дом, од балконот, од подкровјето на куќата…..
Пред два дена наполни седумдесет и две години. Пред две недели беше на погребот на својата сопруга која почина два дена по нејзиниот седумдесет и петти роденден.
Низ глава му минаа сеќавања од деновите поминати покрај неа во болницата….сеќавања поминати на скорешниот погреб…..сеќавања од мали мигови кои во овој момент му се појавуваа во сеќавањата ко мали светулки, ко мала бледолика светлост од диоди, ко неповрзани фрагменти, фрагменти од животот зад него…..
Време е си помисли повторно….Овој пат не беше сигурен дали тоа “време е ” е негова мисла која си ја помислуваше овие неколку минути….некако веќе како да чувствуваше како да станува збор за нечиј нечуен глас, како нечиј шепот кој го повикуваше понатаму….. Време е…Време е ….Да заминеме……… Звукот од камбаната престана да отчукува….Време е – слушна за последен пат…..Време е ….
Повторно се насмевна со големо задоволство. Насмевката му остана оцртана вкочанувајќи му ги брчките на остареното лице во една прекрасна, мала, впечатлива насмевка која оддаваше спокојство….Време е…… да си одиме- го повика гласот….
И навистина беше време. Сите сеќавања, сите фрагменти останаа на преминот помеѓу овој свет и светот кон кој тивкиот глас штотуку го поведе.
No comments:
Post a Comment