Мигови на тотална декаденција...Токму во таков момент сфатив дека сум многу пред времето и дека никој не би ги разбрал моите футуристички теории па одлучив храбро и недвосмислено од утре да заминам од овој свет на декадентноста. Барем до Петок никој во овој град не го заслужува моето внимание... Да, да...Одам, кај пријателот Русо, назад....Назад кон природата, во пештерата надвор од градот, прекрасен предел каде детето Радован без зло-помошта на Хуго би ја пронашло својата долго посакувана имела ...
....Таму ќе изградам мисловна силиконска долина, таму ќе се себепронајдам повторно, таму ќе хибернирам неколку векови чекајќи го светот да фати чекор со моево време, време кое впрочем е еден вид невреме, безвременост, или едноставно компилација на мигови од еонски долги будалштини...
|
Saturday, August 22, 2015
ДЕТЕТО РАДОВАН
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment