Saturday, August 22, 2015

ЛИКОВИ...


Таа се запраша дали животот е сцена на кое ги одигруваме нашите улоги ..Јас си велам да,....нашите ликови се акваерелно-бледи, несигурни, недоизградени илјадници ликови, ликови бебиња, ликови во зачеток, ликови адолесценти, ликови старци прастари, пијаници, будали, студенти....ликови полумртви задавени со јажиња од страст, нагони и сетила....Ликови.....ликови.....и тела....и раце и уши и така натаму.....и коса кратка или долга.....и очи....Денес сум очајно заробен во минливото....денес се мразам себе си а го сакам светот и сите останати....денес се разочарав токму поради минливи мали несреќички кои ми ги замаглија инаку кристално јасните мисли....денес играв улога на морон и што е најжално самиот пред себе, а тоа е најтешката драмска игра-монодрама.....монолог на себе самиот со себе самиот, ама овој вториов престорен во лик....се мразам кога имам лик....кога создавам нов....аххххххххххх........денес неможам и несакам да се дружам пак сам со себе....а немам кој друг, еве ме сам веќе со недели... токму тоа и го сакав и се си беше прекрасно до денес, а еве веќе пропаѓам и знам ќе трае два дена, можеби три...а после пак ќе се себепронајдам....утре е веќе пропаднат ден, несакајќи да се соочам со себе ниту утре,повикав еден друг лик да дојде и да ми прави друштво...илјадапати и ветував дека ќе ја викнам но исто толкупати не ја викнав...и еве сега го сторив тоа...и ми вели се надевам дека конечно нема да избегаш повторно....и нема да избегам...утре пак ќе бидам лик, а таа ќе дојде....а јас ќе пијам, а таа ќе пие исто така....и толку...а остатокот од иднината им го препуштам на ликовите....А ужасно ги мразам ликовите, моите ликови и сечии ликови....ја мразам комедијата дел арте....ги мразам маските човечки, но го сакам карневалот....колку е прекрасна онаа тивка, бескрајна, полноќна драма со илјадници чинови, онаа која ја нарекуваат ЖИВОТ... како твојот живот, како мојот живот ама оној меланхоличниот а сепак среќен, оној каде немам лик, каде немам маска, оној во кој шетам по пиџами или искинати фармерки и се осеќам толку богато, многу смирено, исполнето...тој мој живот го чекам повторно и еве го таму е, го гледам, денес сме скарани, но ќе бидеме заедно за некој ден...всушност повеќе и не сум сигурен дали и тој живот е без лик? Или пак во него сите илјадници ликови се само усогласени во прекрасен механизам, небесен часовник, ремек дело на големиот космички часовничар... 

No comments:

Post a Comment