Во околина на суровост и егоцентричност, опкружен со себе-исполнетоста на луѓето наоколу, со гордоста базирана на невидливи темели, гледајќи вести, филмови, музика,.читајќи раскази и блогови, гледајќи во вас се гледам и себе си. Задскриени зад нашите студени ликови, зад нашите цинично љубезни и извештачени насмевки, зад нашиот поглед од кој зрачи незаинтересираност за луѓе, зад нашите наочари за сонце, зад нашиот чекор на пешачки оддекнува тивко и нивниот чекор.....И додека заедно чекориме не гледајќи се во очи, и додека заедно старееме секојдневно разминувајќи се, само чекор зад нас оддекнува чекорот на луѓето-сенки во нас, само секунда по нашите зборови вришти ехото на нивните зборови, само секунда по нашиот поглед блеснува и нивниот поглед....... и додека ние сме бучни надгласувајќи се еден со друг тие шепотат исполнувајќи ја тишината, и додека гласно шириме омраза тие сеат љубов, а кога конечно ќе не совлада уморот од нашето его-дневно-патување среќни се што сме го ослободиле светот барем за неколку часа од нашето натрапничко присуство..... тогаш тие зборуваат за нас и не сожалуваат, тогаш можеби се чудат како сите ние сме толку осамени живеејќи меѓу милиони луѓе, како сите ние сме очајно сами дури и во присуство на нашите партнери, како ние не се разбираме дури и кога зборуваме.......Тогаш нивниот чекор оддекнува, тогаш нивниот збор е ослободен, тогаш се слуша вистината.......... но тогаш сите ние спиеме.......
|
Saturday, August 22, 2015
НИВНИОТ ЧЕКОР
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment