Saturday, August 22, 2015

И БИ ДЕН...


.......оттогаш едноставно ги следев гласовите кои однекаде доаѓаа...гласовите кои всушност и не беа гласови, беа тоа некои безгласни, неми зборови, невидливи импулси кои се обидуваа да ми помогнат, да ме водат.....Не ги слушав, ги осеќав....ми се јавуваа од секаде.....ме повикуваа од некоја книга, непознат минувач на улица, драга особа, од дрвја, ветер, старата неквалитетна виолина....но, сепак најчесто нивните претсмртни крици ги пронаоѓав меѓу рафтовите на стари, прашливи, искинати книги азбучно подредени во просториите на библиотеката..... тотално расеано талкав меѓу купиштата книги со намера повторно да би го слушнал тој речиси нечуен глас....”овде, овде, земи ја оваа книга ти дете на сонцето”.....и што ми остануваше освен да посегнам по некоја непозната книга, непознат автор-со чудење и скептицизам, мислејќи си во мене-who the fuck is this unknown author”?Дури отпосле сфаќав зошто баш таа книга, токму тој автор? Зошто овој живот, овој град, овој факултет?  И двајцата сосема непознати чинители во космосот едноставно несвесно си ја вршеле својата мисија-пренесувајќи импулси илјадници години од нивното последно вдишување, просветлувајќи непознати прашинки без намера, како што и самите немале намера да ме пронајдат....И што беше најчудно, не беше ова случај само со книгите, туку и со луѓето...Почнав да ги одбегнувам случајно сретнатите луѓе, попатните намерници,...а имаше некој друг вид луѓе, сосема поинаква категорија, луѓе- исконско стари-само поглед упатен во отсјајот на нивното око: сино, кафеаво, зелено,око заматено или пробивно, око на пијаници, уметници, артисти, око на монаси или монахињи, око на старци но и око на невини деца расеани во својата игра под прозорот на волшебникот...доволен беше само еден поглед задлабочен длабоко во нив, зад нив, низ нив, во нивното некогашно веќе непостоечко НИВ и како благ ветрец прастара енергија минуваше по моето тело, како еден вид здив, воздишка која беше задушлива, мирисаше на старина, на векови......даваше чувство на болка, на тага, на распнат богочовек, чувство на мистичност задскриена зад велот на надворешноста на новодобиеното човечко тело....како еден вид остарен франкештајн да зрачеше внатре во нив, заробен во духовноста на овие луѓе чие тело беше можеби  19, 22, 27 или 35 човечки лета, но токму она заробеното во нив, токму тоа не-тело, дух или којзнае што, токму тоа беше вековен камен, карпа која зрачи низ секој земјо-небесен портал, енергија која не принудува да се свртиме назад и повторно да го погледнеме незнајниот минувач кој исто така се свртел да се увери дали навистина ве видел? Дали само случајно тој го осетил прастариот здив кој блеснал од вашето око или пак сте се препознале како двајца стари а сепак мртви пријатели....А дали вие незнајни луѓе тоа сте го осетиле? Верувам да....можеби на некој рок концерт, клубска-свирка, пред “Љубов“ можеби, или во некој од Дебар-маалските клубови, на изложба во музеј, на клупите кај Фонтана во парк? ...којзнае? Ова се некои од местата каде овие изгубени духови јанѕат и се обидуваат да се присетат на заборавеното, на болката која им извира од самото нивно битие, од болката која иако е причина за нивното постојано крварење, сепак е болка која ги храни, која ги поттикнува да одат напред,..т.е назад во минатото,  да се пронајдат закопани во пескокот на Египет, Индија, удавени на дното од Ганг?  во некој индијански резерват можеби....да откријат остатоци од своите некогашни коски....или повторна средба со своето некогашно око.....И би продолжил до бескрај за овој тип луѓе, но чекајте, стрпете се, можеби ќе се препознаеме како непознати минувачи на улица.....и во тој миг на препознавање,во тој  одблесок на моево од вашето око, зар во тој неповторлив момент на свртување не е содржана суштината на постоењето?....А ако вие меѓусебно се препознаете, не мислете се, поздравете се, или барем упатете си насмевка која ќе биде еден вид поздрав на тајното братство на мртовци, поздрав кој минува низ вековите...еден вид поздрав на двајца заборавени познаници....До видување драги небесни патници.... 

No comments:

Post a Comment