Saturday, August 22, 2015

САМОУБИСТВО...


Сабота....Ужасно несреќен ден...29.07.2006 Слушајќи за грозоморните убиства и протести за војната во Либан, гледајќи го мојот сосед Арапот на протест пред амбасада, добивам sms порака за самоубиство на еден од моите најдобри пријатели од С.А.Д....a U.S solider-he was......Несакам да верувам, неможам да мислам, невиден шок, наплив на солзи, незадржлив плач......, молитва со верба дека ќе преживееш ти млад војнику.....запалена свеќа во мојата мала соба која навистина наликува на разурнато место некаде во Либан, Ирак, Африка или црнечкото гето од моето минатогодишно маало...Предоцна е, дознавам....Плачам и седам во собата, свеќата е запалена, мислам на се што заедно поминавме мој драг пријателу.....Зар така борец трбаше да заврши? Плачам и неможам да престанам, треперам и со невиден страв собирам сили да ја отворам единствената заедничка фотографија што зад тебе сега останува.....Гледам дека смртта уште оддамна била врежана во твоите очи човеку....гледам и несакам да поверувам...Низ глава ми поминуваат миговите поминати заедно, моментите во Барот кај Јарек, моментите во мојот стан, Јас , Ти и твојата девојка, твојата девојка поради која си го одзеде животот....Не сакам да поверувам дека минатото веќе нема да биде нашата толку мечтаена слобода....Уште еднаш ќе го изградам ѕидот на илузијата пред мене и ќе го прифатам тоа минато како реалност....Ќе живеам во таа прекрасна 2005.....како низ густа магла минуваат сите сеќавања, Сиракуза, Њу Јорк....Твојата крнтија од кола...Твојата невидена несебичност и покрај бедата што те опкружуваше....Потсети се и ти пријателу на последната ноќ, последната што ја поминав во Сиракуза.....Јас ти и таа....Последното возење што ми го подари, Последната помош носејќи го мојот багаж, последните зборови ппокрај клупата на автобуската станица некаде наутро во 3 после полноќ.....Последната прегратка неможам, а да не се потсетам на тој миг....сега повторно го осеќам тапкањето по рамото и тоа со загриженост тивко прошепотено “take care buddy”, сега повторного гледам твојот поглед кој ме пресекува длабоко.....Смртта беше во тој поглед, помешана со неизмерна љубов, пријателство, тага.....Овде се смрачува Скоти, паѓа мрак, јас треперам, се надевам дека си сеуште присутен некаде наоколу.....било каде....било во каков облик....Еден живот згаснат е....еден пријател мртов е.....ОСТАНУВА ТОА ШТО ГО ПОМИНАВМЕ ЗАЕДНО.....
Посветено на Скоти Филипс,  Сабота 29.07.2006

No comments:

Post a Comment