Saturday, August 22, 2015

ВИНО-МРТОВЕЦ


Те будам и гледаш, в срце ме немаш, Сонот го скршив, со шамар го земавСе прашуваш сега, со јарост и тагаДали сум стварност, или сум лага.Јас сонце и месечина, и точка и цела вселенаОд црна дупка светлина, твоја гордост вљубена... Бол, ние сме бол...И без надеж бакнежи крадешНудејќи вино за крв, Ти вампиру лажешИ јас со детска невиност и моќ, и во кома од отрови и маглиго допивам скиселеното вино кое го пронајдов зафрлено, оставено на заборавот во недостапен и студен дел од мојот фрижидер...Се обидувам да се сетам кога последен пат сум посегнал по вино, од кога е се прашувам? Не можам да одгатнам па посегнувам по голтка и преку сетилно препознавање очекувам да дознаам за староста на тајните скриени во црвено-црното вино, занемарувајќи го ноторниот факт дека не сум стар, шармантен дегустатор на вино од некој Француски филм туку искусен консумент кој одсекогаш трагал по крајниот ефект на пиењето-самото пијанство, а не пропратната појава на квалитетот, на причината за истото тоа пијанство....Голтката е киселкаста, но ја прифаќам прашувајќи се дали не пијам претурен оцет? Не, конечно сфаќам дека сепак тоа е филтратот што останува по секое нешто кое останало заборавено, осамено, по секој предмет и суштество кое тежнее по човеков допир, нежност, љубов а истата таа не била пронајдена, возвратена....тоа е филтратот, тоа е сетилно сеќавање на некогашното вино, што се наоѓало во истата таа  амбалажа....сеќавање на некогашната совршеност....но, сеќавањето самото по себе е мртовец изгубен во димензијата на сегашноста со која нема ништо заедничко....мртовец, па и во сосема туѓ свет..тоа е всушност отуѓен мртовец..тоа е киеслиот вкус на тоа што некогаш било вино... а winamp-от на мојот компјутер исто така заглави во некои сеќавања, блокира и без престан ги врти мрачните стихови од Вртев...кој вели....Во твојот свет без љубов се ќе се претвори во смрт...Темнината сокрива нечие присуство....кога сум крај тебе стварноста и не ми е потребна, единствено тогаш знам дека сепак постојам....Јас ќе замолчам....Јас и не можам да зборувам...Мојот говор е заробен во чувствата.....Мојот говор, мојот говор.....Е заробен..............заробен во чувствата....

No comments:

Post a Comment