Saturday, August 22, 2015

ДАБЛИНЦИ


Помина подолго време од кога последен пат запишав збор-два во папирусите што ги кријам под креветот...Многу работи се случија оттогаш, битни и небитни....мали и поголеми.....

1
Одеднаш се наоѓам на брегот на едно сосема непознато море, сосема непознат дел од Даблин, последната станица од градската железница....Јас, и две пријателки го посматраме несмасниот лет на малите галеби кои штотуку учат да живеат во својата димензија, некаде во допирот меѓу небото и морето....., девојките-не ги познавам сосема.....Се знаеме од неодамна....или можеби грешам... сепак прекрасни особи за да се помине вака убав ден на вака необично место.....Се смееме на несмасноста на малите галеби, паѓаат како покосени, нуркаат во морето, ги нема за миг за да повторно се воздигнат во воздухот, не се предаваат, се борат.....го совладуваат исмевањето на тројцата непознати странци....А ние глумиме искусни галеби...Глумиме и летаме во сферата на љубовта......што е љубов, а каква е? Каква треба да биде? А дали воопште постои? Што е тоа допир- само реакција на едно сетило или нешто сосема магично, небесно? Небесно велам, Така еее така еее...довикуваат и галебите  за да повторно потонат во морската темнина,  така е довикуваат и силуетите кои исчезнуваат некаде далеку зад хоризонтот....
2
Убаво ми е во Даблин- вели една од пријателките....Да навистина е прекрасно, само не би можела да ја поднесам мрачноста на времето, врнежливоста, постојаната тмурност,... а како за инает силните сончеви зраци прекршени преку стаклениот прозор на возот си поигруваат на нејзиниот образ, се нурнуваат во нејзината кожа,- јас пак во отсуство на попаметна работа  си поигрувам со светлината  замислувајќи најразлични фигури, светли и темни, потоа уште посветли, па потемни, сосема мрачни.... и додека како параноик се кријам во сенката на сопатникот зад мене...замислувам дека бегам од сонцето, страв ми е од него, ..мислам дека некако сака да ме убие и иако го посакувам не можам да си го дозволам.......
3
Сонцето заоѓа само некоја минута пред полноќ...Седиме на кејот на некоја непозната река....Пиеме пиво....Доаѓа полиција, ни го одзема слаткото задоволство...Среќни продолжуваме понатаму....Пак пиеме пиво, им пркосиме на одржувачите на некој си замислен ред....Сакаме неред....сакаме хаос, не ни е сосема јасно зошто, но некако подобро се снаоѓаме во хаосот.....Богохулиме и седнуваме на вековна починка на тревникот пред непозната катедрала....Им пркосиме на камерите на банката спроти нас, позираме за вечно сеќавање....сепак имаме скриена почит кон светците-заштитници на катедралата позади нас, но им го вртиме грбот 
бидејќи не е време за литургија.....Се појави уште еден следбеник на редот на отпаднатите светци....Имаше чудно име, не се сеќавам како звучеше па едноставно го викавме Марко....Марко не беше сосема при себе, сепак го сподели неговиот беден мал свет, со нашиот свет....Марко е бездомник, впрочем немаше што да ни понуди освен самиот себе....Без двоумење ја прифаќаме жртвата, време е за литургија довикна некој....Да, време е за литургија-оддекнува тивок шепот и  помеѓу нас......Го земаме ножот, го убиваме Марко, сеедно му е.....ја пиеме неговата крв злобно ветувајќи му нов живот, поубав.....Свесен е дека го мамиме, не верува во ѓаволи....свесни сме и ние за нашата немоќ да му подариме нов живот па едноставно го лишуваме и од овој....Бесрамно го напуштаме местото на злосторот.....
4
На зафрлена страница во дневен весник пишува –четворица бездомници поминале прекрасна ноќ во Даблин,  далеку од своите свртилишта....некаде помеѓу сонот и јавето....
На наредната страница-мала црно-бела фотографија- а под неа со мали нечитки букви пишува..  вчера е пронајдено мртво телото на еден бездомник во дворот на една катедрала....Ја погледнувам фотографијата....да, тоа беше нашиот Марко.....

No comments:

Post a Comment