Ден-Среда, Месец-Февруари, Година- Било која
Питер чекори во раскошниот салон одбирајќи ја бојата на својот нов луксузен автомобил од неколку милиони евра, раритет еден од петте примероци во светот......Халил чекори по песокливите суви улици на едно село некаде во врвовите на Пакистан, гледа во облачињата прашина која се крева при секој исчекор на неговите боси нозе, се труди да не мисли на болката во стомакот, се труди да заборави дека последен пат јадеше пред четири дена, не сака да се сеќава на прекрасниот вкус од тврдиот исушен леб.......Камико се враќа од училиште, се вози во лифтот на еден облакодер во Токио, дигиталниот број над вратата стопира на деведесетиот кат. Тој влегува во домот, го фрла ранецот со книги, уклучува музика на ДВД, игра плејстејшн три, порачува пица по телефон, гледа порно на интернет....Ерик гледа низ нишанот на својот снајпер и го убива десеттиот Ирачанец од утринава,потоа со ножот ја засекува десеттата црта на бетонскиот ѕид зад кој се крие....Абдула со страст во очите влегува во златарскиот дуќан во Ерусалим, сопственикот Евреин страстно ги брои парите зад пултот, Абдула ја потегнува запалката на бомбите наредени по неговото тело, станува маченик, заминува во вечноста со се Евреинот....Марко живее во Аеродром, и тој се враќа од училиште, среќен е зашто денес ја зголеми својата колекција на порно клипчиња од негови врсници... По неколку часа движењата од клипчињата ги применува во дело на неговиот кревет со неговата девојка....Italo Calvino…"Пеколот на живите луѓе не е нешто што допрва треба да дојде. Aко воопшто постои, тоа е оној што е веќе тука, пеколот на нашиот секојдневен живот, што го создаваме живеејќи заедно. Постојат два начина да не страдаме од него. Првиот лесно им успева на многумина- да го прифатиме пеколот и да станеме негов дел, се до мигот кога нема повеќе да го забележуваме. Вториот е ризичен и бара постојано внимание и учење-да бараме и да умееме да препознаеме кој и што среде тој пекол не е пеколно, па да му овозможиме да истрае и да му направиме место". |
Saturday, August 22, 2015
СЕКОЈДНЕВИЕ
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment